Американските војници во странски операци во 2018-та убиле 120 цивили

Во воените операции на САД во текот на минатата 2018 година убиени се околу 120 цивили, а повредени се уште 65 во Ирак, Сирија, Авганистан и Сомалија, објави Пентагон во извештајот од четвртокот, изнесувајќи значително помали бројки отколку што наведуваат меѓународните набљудувачки групи.

Годишниот извештај на Конгресот покажува така значителен пад на убиените цивили во однос на претходната 2017 година кога овој биланс се движеше речиси 800 жртви, делумно и поради тоа што е намален интензитетот на операциите против милитантите на Исламската држава во Ирак и во Сирија.

Во воените операции минатата година во Авганистан се убиени 72 цивили, 42 се убиени во Ирак и во Сирија, двајца се убиени во текот на напади во Сомалија, се наведува во извештајот кој ги бележи воздушните и компените операции на американската војска. Пентагон проценува дека во Либија и Јемен не е убиен ниеден цивил, се наведува во извештајот.

Бројот на цивилните жртви во споменатиот извештај е многу понизок од оној кој го објавија набљудувачките групи. Така, Amnesty International и набљудувачката група Airwars во извештајот кој го објавија кон крајот на април, наведоа дека само во текот на американскиот напад во 2017 година со кој се потиснуваа борците на Исламската држава од сирискиот град Рака, биле убиени повеќе од 1.600 цивили. Во февруари, мисијата на Обединетите нации за помош на Авганистан (UNAMA) наведе дека 1.185 цивили се убиени во текот на операциита на американските и провладините сили во 2018 година.