Од името на многубројната американско-македонска заедница од Њу Џерси и Њујорк претставена од трите црково-културни заедници од Тотува и Сидар Гроув, Њу Џерси, Квинс, Њујорк повикуваме сите политички субјекти, граѓанскиот сектор и невладините организации во нашата татковина бескомпромисно и целосно да работат првенствено за националните интереси на Република Македонија, стои во соопштението на американско-македонска заедница од Њу Џерси и Њујорк.
Одлучно повикуваме на почитување на демократските вредности и принципи, еднаквост и почитување на човековите права, конечно, владеењето на правото. Супстанцијата на демократијата е во решавањето на проблемите во институциите и почитување на вољата на граѓаните остварена на избори. Правото на протест е уставно право на секој граѓанин, но нарушувањето на јавниот ред и мир и оштетувањето на јавен имот е недемократски акт и претставува прекшок за кој е предвидена казна. Ги повикуваме сите млади кои се на улиците, вклучително сите кои подржуваат протести да ги насочат своите ресурси кон суштинска демократија, односно избори и активна демократија. Упатуваме порака до претседателот Иванов да ја повлече одлуката за аболиција. Покрај добронамерната диспозиција на претседателот, исходот е аподиктично негативен. Неприфатливо е лидерот на опозицијата кој цела година ја вознемирува македонската јавност со нелегално стекнати аудио снимки на телефонски разговори, јавно објавувајќи приватни разговори, претходно уценувајќи го премиерот на државата, конечно еднаш веќе аболиран во 2009, повторно да биде субјект на аболиција. Ваквата одлука на претседателот ги направи сите останати виновни пред да биде докажана нивната вина. Истовремено упатуваме апел да се ревидираат и да се повлечат сите претходни аболиции во Република Македонија, стои во соопштението.
Од американско-македонска заедница велат дека македонските граѓани се дискриминирани во континуитет, македонската држава имплодира, македонскиот устав и вољата на македонската нација се крунски разнебитени со договорот од Пржино од јуни 2015 кој е последна инстанца во низата на перманентни кризи и неколку претходни предвремени избори.
Повикуваме на итно прекинување на обвинувачките/клеветнички дејства на сите политички актери и силно апелираме на соработка за добросостојба на нашата татковина. Затоа ултиматива апликација на демократијата и суштинска афирмација на вољата на граѓаните, истовремено и старт на излез од кризата се неодложни избори на 5 јуни 2016. Алтернатива на изборите е пролонгирање и продлабочување на кризата со непредвидливи последици, се вели во соопштението на американско-македонска заедница од Њу Џерси и Њујорк.