Американското министерство за правда веќе нема да бара новинарите да ги откриваат изворите

Америакнското министерство за правосудство објави во саботата дека повеќе од новинарите нема да биара во истрагата кои се однесуваат на протекување информации да ги наведат своите извори, по неодамнешните откритија дека администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп дошла до телефонските и имејл листинзи на некои новинари.

Телевизијата CNN и дневниот весник The Washington Post известија дека админитрацијата на Трамп наводно рајни се обидувала да дојде до телефонски разговори на нивните новинари во 2017 година.

Весникот The New York Times, пак, објави дека министрството за правосудство и во мандатот на Доналд Трамп и во мандатот на неговиот наследник на должноста Џо Бајден воделео „тајна правна битка да дојде до шифрите на мејловите на четворица новинари“, вклучително и следење на уредникот на весникот.

Бајден во мај рече дека министерството за правосудство ќе му забрани да ги заплените телефонските разговори или електронски преписки на новинарите, велејќио деа тоа би било „едноставно погрешно“.

„Со водство на претседателот, ова министерство за павоудство ја менува својата долготрајна практика и нема присилно во правната постапка во истрагаите кои се однесуваат на протекувањето на информациите да ги бара изворите на информациите на припадниците на медиумите кои ја работат својата работи“, соопшти портпаролот на министерството Ентони Коли.