Американското воздухопловство ја повлече изјавата дека не постои Дедо Мраз

Американското воздухопловсто објави твит во кој напиша дека Дедо Мраз не постои, но подоцна американските воздушни сили се посипаа со пепел порачувајќи дека тој е „стварен“.

Воздухопловните баз Минот во Северна Дакота и Вајтмен во Мисури на Twitter се натпреваруваа која е подобра, а во расправата се вклучи и официјалниот профил на американските воздушни сили заканувајќи им се на базите дека, доколку не успеат да се договорат „Дедо Мраз оваа година нема ништо да им донесе, бидејќи не постои“.

Откако твитот предизвика лавини од реакции, американското воздухопловство се повлече и објави дека Дедо Мраз е „вистински“ и дека целта на претходната порака била да се доведат двете бази „во ред“.

Командниот штаб на северноамериканската воздушна и вселенска одбрана (NORAD) традиционално секоја година на 24-ти декември на својата интернет странциа „го следи“ со помош на сателити, радари и воени авиони движењето на санката Дедо Мраз.

Спротивно на големата тајност којашто е неопходна во функционирањето, NORAD дури и појаснува како дознава каде се наоѓа во секој момент Дедо Мраз. Станува збор дека „црвениот и сјаен нос на собот Рудолф (кој ја предводи санката на Дедо Мраз) емитува инфрацрвен сигнал кој го фаќаат нашите сателити и така го лоцираат“.

Ангажирањето на NORAD околу патувањето на Дедо Мраз започна во 1955 година како во рекламата на стоковната куќа „Sears, Roebuck & Co“ децата беа повикани директно да го повикаат на одреден телефонски број. Меѓутоа, бројот во рекламата содржел и една погрешно напишана бројка. Наместо приватниот телефонски број на Дедо Мраз, децата така го добиле бројот на Континенталната команда на воздушната одбрана, претходник на NОRАD.

Кога на Бадник вечерта ѕвонело првото дете, на должност бил полковникот Хари Шоуп. „Тенок глас на девојченце запраша ‘Дали е тоа Дедо Мраз?’, се појаснува во сторијата. „Полковникот Шоуп помислил дека некој се шегува со него, но веднаш поразговара со мајката на девојчето и сфатил што се случува“. Шоуп потoа на својот персонал му наложил на радарот да провери дали има некои сигнали од Дедо Мраз, и така е родена традицијата.

Во оваа обемна работа NORAD се потпира на соработката на партнери и волонтери, кои секоја година ги има повеќе до 1.200, а центарот на целата операција е во воздухопловната база Петерсон во Колорадо.