Американските воздухопловни сили признаа дека на Федерелното биро за истраги (FBI) не му го пријавиле податокот дека Девин Патрик Кели, кој во нападот во сојузната држава Тексас уби 26 и рани 20 лица, порано бил осуден за семејно насилство, што би ја спречило можноста легално да набави огнено оружје.
„Според првите податоци, осудата против Кели за семејно насилство не е внесена во регистерот“, изјави портпарлката на американското воздухопловство Ен Стефанек, додавајќи дека е покрената истрага за да се утврди дали има уште пресуди коишто не се впишани во регистерот.
Според уредбата на американското министерство за добрана, персоналот на Пентагон мора да го извести FBI за секоја пресуда на воениот суд за да биде впишана во регистарот.
Пред пет години воениот суд го осудил Кели поради напад врз сопругата и посинокот, но од Американските воздухопловни сили соопштија дека тоа не е пријавено во Националната база со податоци за сторителите на злостроства коишто се под надзор на FBI. Кели бил осуден на 12 месеци затвор и ослободен во 2014 година, и без почести отпуштен од војската.
Според американскиот федерален закон, врз основа на оваа пресуда тој немал право да купи ниту да поседува оружје, појасни портпаролката Стефанек.
Американските воздухопловни сили објавиле во 2013 година документ во кој подробно се наведени причини за пресудата против Девин Патрик Кели: пригласен е виновен бидејќи неколкупати во периодот од јуни 2011 до април 2012 година ја претепал сопругата, ја удирал со нозе и се обидел да ја задави. Покрај тоа, осуден е и за тоа што го тепал посинокот, со сила којашто можела да предизвика смрт или тешки повреди.
И во двата случаи ја признал вината, но не ја признал вината дека двапата, во јануари и април 2012 година, им се заканувал на сопругата и посинокот со оружје.
Девин Патрик Кели се убил по обидот да побегне од местотпо на масакрот. Бил облечен во црно и носел зашттен непробоен елек и полуавтоматска пушка кога влегол во Првата баптистичка црква во Сандерленд Спрингс, место со околу 400 жители. Во нападот уби 26 луѓе, меѓу кои и 18-месечно бебе, а рани уште 20 лици, а меѓу кои и момче од пет години, а повеќемина се уште во критична состојба.