Во фабриката ќе се произведуваат автомобилски делови. Оваа инвестиција претходно беше најавена од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Во новата фабрика која ќе биде сместена во Кочани ќе се произведуваат сигнални кабли за во автомобилскиот сектор. Инаку со оваа фабрика компанијата Амфенол во земјава ќе има 3 фабрики и четири роизводствени погони. Инаку одлуката за дополнителни инвестиции на американските бизнисмени паднала поради поволната бизнис клима , ниските даноци, владината подршка на бизнисот и реформите кои се спроведуваат во Македонија.