АМСМ: Внимателно возење поради маглата и можната појава на голомразица

АМСМ препорачува внимателно возење поради маглата особено на патниот правец Скопје-Петровец-Катланово и Градско-ДемирКапија, каде што видливоста е до 50 метри.

Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива по суви коловози. Поради ниските температури можна е појава на голомразица на повисоките планински и осојничави места, како и на некои мостови низ клисурите.

Особено да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.