АМСМ: Внимателно возете поради маглата, одроните и влажните коловози

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Особено да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.

Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива по влажни коловози во поголемиот дел од земјата. Поради ниските температури можна е појава на голомразица на повисоките планински и осојничави места, како и на некои мостови низ клисурите.

Појава на густа магла со видливост од 20 до 50 метри има на патните правци Куманово-Скопје и Градско-Демир Капија.