
Поради појава на магла видливоста е намалена на патните правци Гостивар-Кичево од 30-50 метри, Маврово 50, Виница-Берово 50 и на планинскиот превој Плетвар од 50-70 метри.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово–Дебар-Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.