Сообраќајот на сите патишта во Македонија се одвива без забрани и застои по претежно влажни коловози.
Појава на магла има на патните правци Тетово- Гостивар, Тетово- Скопје, Велес- Скопје, со видливост до 100 метри, Ѓавато со видливост до 50 метри, Страцин- К.Паланка со видливост од 50 до 100 метри, Куманово- Свети Николе со видливост од 50 до 60 метри , Струмица- Валандово, Струмица- Радовиш, Струмица- Н.Село со видливост од 30 до 50 метри и Крива Паланка- граниче премин Деве Баир со видливост од 20 до 50 метри.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.