Амстердам започна со одбележувањето на 750-годишнината од своето основање

Во неделата Амстердам ја започна годината на прославување на својот 750-ти роденден со света литургија, пред работите да станат навистина гласни.

Во базиликата на свети Никола, градоначалничката Фемке Халсема истакна дека меѓусебната помош и верската толеранција се „дел од карактерот на Амстердам“.

Вечерта се одржа голем рок концерт на најпопуларните холандски ѕвезди.

Роденденот на градот бил одбележан со потврда издадена на 27-ми октомври 1275 година, со која на градот му била дадена привилегија да наплатува царина.

Основањето и развојот на градот ќе се слави во текот на целата година со низа фестивали, концерти и информативни настани, објави официјалниот портал на големиот јубилеј – „Целта: пожив град од кога и да е досега!“

Меѓу нив, се издвојува десетото издание на меѓународниот собир на Sail Amsterdam во август 2025 година The Queer & Pride парадата во јули по каналите на градот треба да привлече посетители од целиот свет.

Програмата на фестивалот ќе го нагласи развојот на градот од рибарско село до глобален град, неговите современи културни, уметнички и општествени достигнувања и ќе биде одраз на неговиот разновиден и инклузивен дух, според платформата Amsterdam Now.