Актерите Анџелина Џоли и Бред Пит постигнаа договор за развод, изјави нејзиниот адвокат во вторникот, ставајќи крај на еден од најпознатите холивудски разводи на славните личности.
Џоли поднесе барање за развод од Пит пред осум години, сопугот со кој две години во браг и романтичен партнер од 2005 година. Врската меѓу двајцата најпознати холивудски актери со години будно ја следат таблоидите.
„Ова е само еден дел од долгиот процес кој започна пред осум години. Анџелина е искрено исцрпена, но олеснета што овој дел е завршен“, рече нејзиниот адвокат Џејмс Сајмон во изјавата, додавајќи дека спогодбата за развод е финализирана, потпишана и поднесена до судот.
Деталите за спогодбата не се познати.
Оскаровката Џоли ги наведе непомирливите разлики во барањето за развод. Таа потоа побара целосно старателство над нивните шест деца, тогаш на возраст од 8 до 15 години, при што Пит има право на посети.
Барањето предизвика жестока битка за старателство, за време на која Пит беше под истрага и на крајот ослободен од обвиненијата за злоупотреба на децата. Двете страни меѓусебно се обвинија дека се обидуваат да манипулираат со медиумското покривање во нивна полза.
„Таа не зборува лошо за него ниту јавно, ниту приватно, се трудеше да биде позитивна по мрачно време“, цитиран е извор близок до актерката во изјавата на адвокатот.
Џоли, која во 2000 година доби Оскар за најдобра споредна женска улога за филмот „Girl, Interrupted“, претходно беше во брак со актерите Џони Ли Милер и Били Боб Торнтон.
Пит беше во брак со актерката Џенифер Анистон во 2003 година кога тој и Џоли го снимија филмот „Господин и госпоѓа Смит“. Медиумите пишуваа за аферата, но Џоли тогаш изјави за магазинот Vogue дека тие биле само „многу добри пријатели“ додека Пит и Анистон не се разделија во 2005 година.