Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека треба да се почека уште некое време, мерките да почнат да даваат резултати.
„Сега имаме пораст на бројот на заболени во некои градови каде било мирно за време на првиот и вториот бран. Голема молба до сите кои слават Свети Никола, да немаме големи собири“ изјави утрово премиерката за ТВ Пинк.
„ Ние не можеме да им влегуваме на луѓето дома и да пребројуваме колку гости имаат. Ве молиме сите да бидете дисциплинирани. Потребно е да му помогнеме на нашиот здравствен систем“ истакна таа.
„ Кога ги почитуваме мерките, им даваме шанса на луѓето кои се во болница да се изборат за живот, бидејќи тогаш лекарите имаат повеќе време за нив“ порача Брнабиќ.