Ана Ивановиќ во врска со Швајнштајгер

Најдобрата српска тенисерка, Ана Ивановиќ е во љубовна врска со славниот германски фудбалер, Бастијан Швајнштајгер.

На тениските форуми осамна слика од Њујорк на која се гледа како Ана и Бастијан се држат за раце. Во нивно друштво бил и германскиот кошаркар Штефан Хаман.

Ивановиќ неодамна го номинираше Швајнштајгер за ледениот предизвик, а тој го номинираше нејзиниот брат Милош.