Кошаркарите на Анадолу Ефес изборија пласман во финалето на завршниот турнир на Евролигата кој се одржува во шпанска Виторија-Састеиз, откако во финалето го победија ривалoт од домашното превенство Фенербахче со 92:73.
Ефес во судирот на турските трофејни клубови оствари убедлива победа од дури 19 поени разлика, изборувајќи гио своито прво финале откако досега двапати, во 2000 и 2001 година, беше трет на турнирот на четирите најдобри екипи.
Феебрбахче добро се држеше во првата четвртина која ја доби со 20:19, но Ефес во продолжувањето од мечот потполно доминираше. Екипата на Ергин Атаман до полувремео направи пресврт на резултатот во своја полза 45:40, а на крајот од третата делници имаше „плус 11“ (68:57), а со одличната игра продолжи и во последната четвртина за конешните 92:73.
Ефес до победата ја предводеше одличниот Шејн Ларкин со 30 коша, 7 скокови и 7 асистенции, и Василије Мициќ со 25 коша и 5 скокови. Кај Фенер најефикасни беа Јан Веселеи со 14, Ерик Грин со 13 и Никола Калиниќ со 12 коша.
Во второто полуфинале се среќаваат бранителот на титулата мадридски Реал и московска ЦСКА. Средбата за третото место и финалето на распоредот се во недела.