Јанакиески: По две години Рускоска рече дека нема докази,  но простете еве ново обвинение

Главното прашање кое се поставува денеска пред Вас е „дали за овие 2,5 години слушнавте од Обвинителството – еве го доказот против Миле Јанакиески, еве го доказот дека Миле Јанакиески ги сторил дејствијата кои му се ставаат на товар? Ниту вие, ниту јас, ниту моите бранители, ниту јавноста не слушна ниту виде“, ова во средата на завршните зборови за случајот за „27-ми април“ го истакна поранешниот министер за транспорт и врски.
Јанакиеси изјави дека сево ова време биле правени манипулации и се зборувало од страна на Обвинителството дека „Миле ги координирал комитетите за масовност на протестите“. „
„И одеднаш, по речиси две години судски рочишта, на крајот од постапката – тој дел исчезнува. Излегува обвинителката и кажува: ‘Немаме докази’. Па оттука се прикажува нова приказна: ‘Миле ги организираше пратениците и протестите’. Е како е тоа направено? Се јавила Канческа-Милевска и барала свирчиња. Добро, и? Со свирчиња ли ги викна некој присутните пред Жена парк кои го извршија актот на насилство да влезат во Собрание? Без поента е целата таа помпезност и презентирање на тие пораки, кои за жал, не можат ни да се поврзат со обвинението, освен ако, како во случајот, некој си замислил некаква фикција нешто дека е така, па тоа евтино и се надевам безуспешно го продава пред судот и јавноста“, забележа Јанакиески.
Поранешниот министер потенцираше дека комуникацијата со поранепшната негова колешка од ресорот култура Елизабета Канческа-Милевска не може да биде предмет на кривично дело, а тоа го потврди и обвинителката во изјави за медиуми каде истакнува дека „Немаше обвинение за неа затоа што немавме докази. Освен ангажирање уметници и познати личности, таа не направила што било друго конкретно“.
„Ако за Канческа-Милевска нема докази, како може да има за мене врз основа на истата комуникација, да се бара од Вас, да утврдите дека јас сум наводен организатор на протестите и истите да претставуваат како доказ за упадот во Собрание? Како може за неа, која контактирала со нив да нема основ за кривично гонење, а за мене бидејќи контактирам само со неа да има? Не е можно почитувани судии. Или пораките имаат доказна вредност или немаат.“, додад Јанакиески.
Прапа дало ова што го презентираше Обвинителството како „доказ“ е организација на протести.
„Не, почитувани судии, не е. Ваквите претпоставки се исто како сега, ние да кажеме и да правиме конструкции дека некој поддржувач на Шарената револуција или говорник на Шарената револуција или некој кој дал изјава за протестите на Шарена револуција е кривично одговорен во однос на палењето на канцеларијата на Иванов и за тешките телесни повреди на десетици десетици припадници на МВР. Впрочем, судот треба да има предвид дека правото на протест е уставно загарантирано право“, додаде Јанакиески.