Според аналитичарот Александар Пандов намалувањето на стапката на невработеност, зголемувањето на платите, пензиите, социјалната помош, како и големиот број инвестиции во образованието, здравството и инфраструктурата се јасен показател за позитивни промени кои на граѓаните им даваат сигурност и одлучност за тоа кому ќе ја дадат довербата.
А што имаме од друга страна. Од другата страна имаме партија која успеа во времето на нивното владеење да ни ја донесат државата како лидер по број на невработени, им ги намалија 10% пензиите на пензионерите, училиштата и градинките ни се распаѓаа, а не стануваше збор за изградба на нови. Тоа што не градеа нови амбуланти и болници како да беше малку, па и постојните беа тотално запуштени, а ако некој донира нов апарат за некоја посложена операција истиот беше веднаш носен во подрум, бидејќи никој од персоналот не знаеше да работи со него. Земјоделците не добиваа субвенции, социјална помош скоро и да немаше. Сите овие работи направија премногу јасна слика на народот на избори за кого да гласа. Народот во Македонија години нананазад гласа ЗА, а не ПРОТИВ. Затоа никого и не го изненадува последната анкета на Брима Галуп од која јасно и недвосмислено се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ има двојно поголема поддршка од СДСМ. За мене уште повпечатлива е разликата помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Таа е три пати поголема во корист на Груевски. Така е затоа што Груевски покрај тоа што успеа да состави одличен тим и со него одлично да менаџира, воведе “институција” Даден Збор. Ние за прв пат гледаме дека можело политичар да ти вети нешто и ти да си сигурен дека тоа ќе биде исполнето! Едноставно луѓето се научија за прв пат да му веруваат на политичарот. И кого имаме како негов опонент? Зоран Заев. Трчи-лажи лик, кој а отвори уста, а знаеш дека лаже. Аболициран тип за афера од 8 милиони евра. Примитивец кој на најсељачки начин се обидува да дојде на власт. Суштество кое без око да му трепне би го променил името Република Македонија. Ако во нешто можеби и ќе успее, тоа е да ја и се одземе препораката на Република Македонија која шеста година по ред ја добива за почеток на преговори и тоа само поради неговите активности, вели Пандов за „Курир“.
Тој изразува уверување дека токму поради различниот начин на работа, разликата меѓу Груевски и Заев дополнително ќе се зголемува.
Науновски: СДСМ и Заев со антимакедонското однесување нема да успеат да дојдат на власт
Аналитичарот Тони…