Во досега најострото предупредување на ОН, стои дека човештвото би можело во иднина да се соочи со поплави, суши, жештина и шумски пожари, бидејќи климатските промени се влошуваат.
Извештајот на Меѓувладиниот панел за климатски промени објавен во Икохама, наведува дека влијанието на глоблното затоплување се чувствува, а истото ќе биде поизразено со секое зголемување на температирите.
Белата куќа овој извештај го сфати сериозно и како повик на акција. Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека не смее повеќе да се чека, бидејќи последиците можат да бидат катастрофални.
Глад
Според извштајот на ОН ќе има проблеми со набавка на храна, поради намален род на пченицата, оризот и пченката.
Болести
Истовреме, промената на климата ќе ги зголеми постоечките здравствени проблеми, а голем број на луѓе ќе умираат од жештина, лоша исхрана и болести.
Војни
ОН оценија дека растот на температурите може да допринесе за поголем ризик од насилство поради влошување на ситуацијата како што е сиромаштијата.
Поплави
Во извештајот се напоменува дека северот на Европа би бил загрозен од зголемен ризик од поплави како на крајбрежниот дел така и во внатрешноста, потоа од жештини и суши.
Освен што и понатаму се повикува на намалување на емисијата на штетни гасови, се повикува на помош ранливите полесно да се прилагодат на „веќе неизбежното влијание на климатските промени.“ Значи, не станува збор за спречување, туку за подготвување на неизбежното.
Последниот извештај е објавен во 2007 година, но не успеа да доведе до договор во Копенхаген во 2009. Најновиот извештај се потпира на проценките за раст на температурите 0,3-4,8 степени целзјусови во овој век, како и раст на нивото на морето 26-82 см до 2100 години.