АНАЛИЗА: Безмалку 400 илјади деца доживеале траума во Газа

Повеќе од 400 деца се убиени во текот на израелската офанзива на појасот Газа и безмалку 1000 пати повеќе доживеале траума и се соочуваат со исклучително тешка иднина, предупреди претставничката на УНИЦЕФ во Газа, Пернил Ајронсајд.

Во телефонското обраќање од Газа за време на прес конференцијата за новинарите во Женева, таа истакна дека „обновувањето“ на детските живот ќе оди многу потешко од обновувањето на палестинската територија кога судирите ќе престанат.

„Луѓето изгубија цели семејства во еден удар. Како може општетсвото со тоа да се бори? Тоа е длабока, многу длабока рана?“ изјави Ајронсајд.

АФП денеска јави дека од 1875 загинати, 430 се деца. А, многу порано УНИЦЕФ наведе дека децата се 31 отсто од сите цивилни жртви и дека повеќе од 70 отсто од нив се на 12 годишна возраст или се помлади.

Но Израел предупреди дека не може да им се верува на податоците на невладините организации.

УНИЦЕФ проценува дека околу 373 илјади деца доживеале некој вид на директно трауматично искуство и дека моментно им е потреба психосоцијална поддршка.Екипите се натерен, но нивната работа ќе трае со месеци и со години.

Ајронсајд предупреди дека болестите кои се шират поради недостаток на вода, би можеле да го зголемат бројот на детските жртви, посебно оние помлади од пет години.

Само сместувањето на семејствата чии домови се уништени, ќе чини околу 50 милиони долари во наредната година, што е само мал дел од трошоците за обнова.