Поглаварот на Римокатоличката црква Франциско веднаш по доаѓањето на чело на црквата на 13 март 2013 година, ги освои верниците на Плоштадот на Св. Петар во Рим со што побара да се молат за него. Ниту еден папа не успеа во тоа толку брзу, точно за пет минути.
Многумина се сеќаваат на „божественото изненадување“ од пред една година кога новиот папа на верниците им се обрати со „добра вечер“.
„Ниту еден папа не стекна популарност, за неколку минути,“ оцени Одон Вале, францускиот стручњак за историја на религии.
Вале изјави дека папата Франциско е попопуларен од својот претходник Бенедикт 16 и дека затоа многу повеќе верници во Франција одат на неделна миса.
Франс прес оценува дека папата ја подобри сликата за Ватикан, која беше лоша по низата скандали, посебно со педофилите.
Хорхе Марио Бергољи (77) кардинал од Буенос Аирес избран е на 13 март 2013 година за папа, а целта беше да ја реформира структурата на црквата и да покрене мисионерска улога во католицизмот во време на секуларизација.
Но една година подоцна, владата е уверена дека папата направил многу повеќе „изведе револуција“ посебно во својата област. Ги посетуваше и бакнуваше хендикепираните, им пишуваше на ранетите и повредените, изјави дека не може да ги осуди хомосексуалците. Честопати на шеговит начин го критикуваше свештенството. Се тоа длабоко ја трогна јавноста.
Франциско реагира секојдневно, ако во некое семејство се случи несреќа, тој пишува писмо, пишува пораки на социјалните мрежи на интернет, сака да помогне ако некаде има поплава, а неколку магазини го прогласија за личност на годината.
Папата ја реформираше црквата, ги менуваше корумпираните но именуваше и нови, често на јавноста непознати официјални лица на Ватикан. Франциско е одлучен језуитски генерал и секогаш одлучува сам, наведува АФП.
Јавноста на папата му забележува дека малку зборува за некои прашања на Римокатоличката доктрина како што се абортусот, еутаназијата и хомосексуалниот брак.
Но, тој не е ниту конзервативен ниту либерален. Семејството за него е клучна точка за акција. Свесен е дека треба да одговори на некои прашања кои се реалност во Христијанството како што се разводот, самохраните мајки и хомосексуалците.
Папата изјави дека сака „сиромашна црква за сиромашни“ и затоа започна војна против алчноста за пари, шверц и експлоатација.
Жестоко ја критикуваше, како што ја нарече „културата на отпадот“, во која илигалните имигранти, слабите и старите немаат никакви права. Во неговите говори многупати истакна дека е против глобализацијата на рамнодушноста. А неговиот говор против странска интервенција во Сирија означи враќање на Ватикан на меѓународната сцена.
Франциско е прв папа кој е језуит и кој е Латиноамериканец.