Министрите за финансии на земјите членки на еврозоната постигнаа напредок во однос на некои детали на планот за затворање на банки, поплочувајќи го патот кон банкарска унија во еврозоната, која што треба да ја врати довербата во финансискиот сектор и да помогне во растот на економијата, пишува „Ројтерс“.
По повеќе од пет години од финансиската бура, која банкротираше банки и ги повлече на дното земји како Ирска, Шпанија, Европска сака да го заврши својот најголем проект по воведувањето на еврото – рамка во која истовремено ќе се следдат банките и ќе се ограничуваат нивните проблеми.
Германската канцеларка Ангела Меркел ја истакна важност на преговорите за завршување на банкарскиот сојуз велејќи дека се надева дека министрите ќе постигнат договор пред средбата на европските лидери. Тоа им дава на министрите за финансии 36 часа да подготват договор за агенција и фонд за финансирање на затворањето на слабите банки, да го надополнат мониторингот на Европската централна банка над секторот.
Главниот дел од договорот беше постигнат по седумчасовни преговори за тоа како да се гарантира финансирањето на затворените банки.
Овој договор ги зголемува шансите за целосна зделка за нацртот за справување со неуспешните кредитори. Според планови, банките ќе ги осигурат парите за затворање на неуспешни кредитори, внесувајќи 55 милијарди евра за вкупно 10 години во Фондот за единствено решение. Дотогаш, ако нема доволно пари за исплати, владите ќе можат се уште да наплатата од банките.
Кога Фондот за единствено решение ќе биде полн во 2025 година ќе се соберат дополнителни средства за специјално финансирање на самиот фонд преку заеми, предвидува нацрт договорот на министрите за финансии.
Министрите веќе договорија втор дел од банкарскиот сојуз, правејќи ја ЕЦБ надзорник на поголемите регионални банки од крајот на 2014 година.
Останува да се избере агенција, која што ќе ги следи проблемите при ликвидирањето на банките. Се уште има прашања околу новата процедура на затворање на банките. Докуменот што кружи меѓу дипломатите покажува дека се предвидува исклучително сложна структура.