Меркел против Путин – тоа е битката на геополитичките гиганти за границите на Европа, пишува германски „Шпигел“, пренесува Нетпрес.
Според германскиот политичар Матијас Плацек, во иднина руското анексирање на Крим треба да биде усогласено со меѓународното право, така што ќе биде прифатливо за сите. Никој не треба да си мисли дека Русија би ја вратила независноста на Крим, а треба да се знае и дека населението таму не го сака тоа. Па, така јасно се откриваат заблудите на руската политика кон Западот.
При средбата на врвот на Г-20 в Бризбејн, канцеларот на Германија Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин, повторно застанаа еден спроти друг со своите ставови. Тие се двата политички субјекта, кои играат главна улога на сцената на европскиот политички театар.
Путин испраќа авиони и бродови на различни точки во светот. Меркел останува воздржана на тие чекори и го заострува конфликтот со својот говор за закана за европскиот мир и го предупредува Путин дека Европската унија нема да ја смени позицијата кон него. Ова е потврда дека ниту една од дете страни не сака разрешување на проблематичната ситуација.
Западната ароганција
ЕУ го укорува Путин за неговите дејствија и интереси во Украина, на Балканот и во источните земји од ЕУ и тоа на еден многу суптилен начин – со економски средства. Од гледна точка на Унијата, Русија не би можела да добие симпатии. Волек Руе, германски политичар, вели дека не познава никој, кој би го прифатил рускиот систем на државно управување.
Но, колку повеќе Западот покажува арогантност, толку повеќе исмеваниот „руски систем“ станува поатрактивен за Европјаните од земјите, кои не се од централниот или од западниот дел на стариот континент.
Тука се појавува освежувачкиот совет на Плацек, упатен до политиката во Вашингтон, во Брисел и во Берлин: „Попаметниот попушта“.
Но, тоа досега не се случило. Тој прави и една несреќна споредба и со Прибалтикот, кој во 1940 година беше анексиран од Русија – „Никој не се сомнева, дека мнозинството од населението на Крим се чувства потчинето на Русија“.
Зборот „анексирање“ би требало да се употребува многу внимателно.
Хамбуршкиот десничарски филозоф Рајнхард Меркел вели дека врз Крим не е применето анексирање, туку сецесија. Според него, не станува збор за разбојничко присвојување на територии или отцепување, туку само за посегање против украинското право.
Следејќи ги тие ставови може да се заклучи дека Путин многу итро победи во геополитичката битка. Човек најдобро би ги видел последиците од тоа во Вашингтон. Мотивите на руската политика во Украина, на Балканот и во источна Европа се јасни – Русија сака да биде сфатена како се’ поагресивна опозиција на западниот круг на влијание.
Реално, пак, Западот не може да избега од своето игнорирање, кое го манифестира пред светот – тоа е условот за функцијата дека западниот човек значително се разликува од Русите, поставувајќи ја политиката на едно ново морално ниво, што е занемарливо во случајот на политиките на влијание.