Кога ќе се спомене ИТ-секторот обично првата асоцијација се странски компани кои тука собираат висококвалификуван кадар кој, пак, ја има привилегијата да работи сложени програмски решенија од канецларија во Скопје за било каде во светот. Сепак, анализата на порталот „Пари“ во соработка со Бизнис Мрежа мк. покажува дека во Македонија има сериозани компании од оваа сфера со македонски капитал.
Според анализираните податоци, десетте најголеми компании по приход од ИТ секторот со македонски газди во 2023 година направиле промет на услуги од 58,4 милиони евра. Десетте најголеми по добивка направиле вкупно 10,2 милиони евра, а десетте ИТ компании со домашен капитал кои се најголеми работодавачи во својата сфера во земјава, заеднички имаат 1.242 вработени.
„Пари“ низ бројки ја прикажува оваа моќна тројка: ТОП 10 компании по приход, по добивка и по број на вработени.
ТОП 10 ИТ компании со македонски капитал по приходи во 2023 година
КОЈ Е НА ВРВОТ МЕЃУ НАЈМОЌНИТЕ?
Како што може да се забележи најмоќната компанија по приход е Друштво за компјутерско програмирање „Аксапта Мастерс“ ДОО Скопје. Таа направила приход од дури 12,9 милиони евра. Сопственици се Игор Трпковски, Ристе Маревски и Владимир Митрески. Основана е на 4 ноември 2013 година. И, има најголем профот меѓу компаниите во ИТ сектортот со македонски сопственици. Минатата година напаравила добивка од 2,7 милиони евра, или речиси секое петто евро промет донело едно евро профит.
На самиот врв, односно втора по приход е битолската „Интерворкс“ (IWConnect) чиј основач и сопственик е Александар Мемца, а има висока реализација од 12,5 милиони евра. Но, таа е четврта по профит и заработката и е 1,1 милион евра (далеку од заработката на „Аксапта“, иако по приход и беше блиска).
„Некстсенс“ е основана од пет другари, предводена од Васко Кроневски кој е често присутен и во јавноста. Компанијата со 8,8 милиони евра проход е трета по големина, но и трета по профитабилност со чиста добивка од 1,5 милиони евра.
ТОП 10 ИТ компании со македонски капитал по добивки во 2023 година
КАДЕ ИМА НАЈГОЛЕМА КОНЦЕНТРАЦИЈА НА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА?
Првата најголема компанија по приход и по добивка, „Аксапта МАСТЕРС“, е и најголем работодавач на ИТ кадри. Таму има 276 вработени. Веднаш зад неа е „Интерворкс“ со 235 вработени, потоа е „Интертек.ИО“ ДООЕЛ со 121 вработен, а со по 105 вработени во 2023 година се „Мацедониан Цомпутер Ассоциатес“ ДООЕЛ и „Пантелеон ГС“ ДООЕЛ. Во другите имало помалку од 100 вработени.
ТОП 10 ИТ компании со македонски капитал по број на вработени