Постојат неколку непријатни вистини за конфликтот на блискиот исток. Зошто Израелците и Палестинците неможат да постигнат долгорочно примирје? Зошто Саудиска Арабија постојано праќа пари во Појасот Газа. Ете, на пример две причини за кои ретко се зборува.
Но, всушност, ништо на светот неможе полесно да биде решено од израелско-палестинскиот конфликт. Израел повеќе не е окупатор на териториите долж западниот брег на реката Јордан, бидејќи се повлече; Палестинците со тоа добија за прв пат своја сопствена држава; државните граници од Ерусалим се раширени, така што го вклучуваат и Абу Дис, каде е лоцирана палестинската влада. Со тоа Ерусалим фактички станува престолнина и на Израелците и на Палестинците.
Уште нешто. Саудиска Арабија постојано и дава долари од нафтата на новосоздадената држава, така што таму треба да процвета арпаското економско чудо. Времето ќе ги излекува тешките рани, a следното поколение веќе ќе има добрососедски односи. Готово.
Но, зошто сето од ова веќе не се случило?
Бидејќи постојат три непријатни вистини, пред кои е многу тешко човек да се исправи.
Прво
Во сите разговори меѓу Израелците и Палестинците неизбежно се појавува и барањето на правото за враќање на палестинските бегалци. Всушност, тоа се однесува на потомците на оние кои во 1948 година побегнале од изрелската војна за независност или биле прогонети. Станува збор за околу четири милиони луѓе. Тие живеат во бегалски кампови во Либан, Сирија и во Јордан, и никогаш нема да бидат интегрирани од тие држави.
Сега палестинската држава сака тие бегалци да имаат право да се вратат не само во идната палестинска држава, туку и во Израел. Тел Авив, пак, категорично ги отфрла тие барања, бидејќи смета дека тоа би значело крај на еврејската држава. Во краен случај, Израелците сепак би примиле еден симболичен број од тие бегалци. Но, тоа не ја задоволува палестинската страна.
Второ
Следното неостварливо барање на Палестинците е Изралеците да се откажат од населеничките населби и да бидат утврдени граничните линии од примирјето од 1948 година. Но, такво целосно повлекување никогаш нема да се оствари. Зошто? Близу 350.000 лица живеат во Западниот брег на реката Јордан, а уште 300.000 во источен Ерусалим. Поголемиот дел од нив воопшто не се фанатици со автоматско оружје, туку целосно нормални израелски семејства. Со пари и со добри зборови тие би можеле да бидат убедени да се преселат во Негев, наместо да бидат слика на најчудното постоење на дијаспора во пустелијата Јудеја и библиската Самарија.
Тоа дека радикалното чистење на населеничките населби денеска е апсолутно невозможно, си има и друга причина, а тоа е 2005 година. Човечкото помнење е изненадувачко кусо, бидејќи ќе мора да се спомене дека во август, пред девет години, Ариел Шарон им го врати појасот Газ на Палестинците. За Израел тоа беше трауматично изживување. Во това време на телевизијата се емитуваа снимки од израелски војници, кои со помала или поголема сила ги вадеа еврејските семејства од домовите и ги тераа да се иселат.
Трето
Неодамна при воени операции Изралеците утврдија дека под појасот Газа се наоѓа своевиден подземен град. Тунелите, за кои сме чуле во вестите, не се само дупки во земјата, туку професионално изградени конструкции од цемент и железо, снабдени со електрична енергија и осветлување. Сите магацини за оружје и муниција се наоѓаат таму.
Од каде „Хамас“ научил да гради така? Од Иран.
Ете тоа е и третата непријатна вистина.
Едноставно изралеско-палестинскиот конфликт одамна е всушност една арена на дистанцирани војни, водени од други држави.