АНАЛИЗА: Оланд – човек кој нема што да загуби

Франсоа Оланд е еден залутан француски социјалист, кој случајно победи на претседателските избори и сега, заедно со своите истомисленици, се упатиле кон едно голем ништо, пишува во анализата на германската телевизија „Тагешау“.

Веќе со месеци наназад читаме во медиумите за историјата на уметноста на Оланд да управува. Додека насекоа во Европа веќе започнуваат да се гледаат првите наци на обновување, Франција се уште е на пат кон бездната.

А, францускиот претседател секоја вечер се теши во прегратките на љубовницата, затоа што, од една страна, не може да се промени ништо, а од друга страна, веќе не може да ја издржи мизеријата, за која што тој сам е одговорен. Затоа што така му е многу полесно, отколку да направи напори да ја разгледа ситуацијата малку подетаљно.

Бидејќи работите кои истиот тој Оланд ги вети на почетокот на 2014 година, значат чисто и просто културна револиуција. По извесно двоумење и колебање, тој се прогласи за социјалдемократ. Во Германија под „социјалдемократ“ се подразбира член на ГСДП (Германска социјалдемократска партија). Во Франција, сепак, догматичните левичари на еден социјалдемократ гледаат како предавник кој се откажал од борбата за правичност и прави компромиси со класните непријатели.

Доказ за тоа, Оланд фрли во очите на хардкор луѓето во неговата партија и оние, кои се наоѓаат, полево од неа, кога јавно се произнесе со поддршка на предложената политика со која што планир да ја ослободи економијата од даноци, такси и манијата за регулирање.

Така Оланд се судри со светите принципи на француските социјалисти. Тој тргна по стапките на Герхард Шредер и Тони Блер. Што следува потоа? Како што велел претходникот на Блер, Винстон Черчил: Немам да дадам ништо друго освен крв, многу работа, солзи и пот“.

Зошто Оланд ветува во својата Програма 2017 во рок од три години да собере повеќе од 80 милијарди евра без да ги зголеми даноците. Тоа е исклучително сериозно за него, бидејќи одобрувањето на овој пакет реформи ќе значи гласање доверба на неговата влада.

Тука Оланд става се’ на една карта. Или најмалку тој се обидува. Затоа што и во тоа се крие мал козметички дефект, се’ уште ништо не е конкретно. Дали зделката „даночо олеснување за нови работни места“ ќе биде остварена се’ уште не се знае.  Работодавачите се подготвени. За синдикатите ова значи дека работата е сомнителна.

За да може да биде спроведена оваа програма, ќе биде потребен политички водач, кој ќе ужива доверба од народот и поддршка од социјалистите и коалиционите партнери. Но, Оланд нема ниту едно од двете. Рејтингот му падна на најниско ниво, дури и без љубовните авантури.

Од друга страна, може и во тоа да е неговата шанса, тој нема што повеќе да загуби. Исто така сега е неговиот момент да докаже дека ниту Франција, ниту нејзиниот претседател ги заслужуваат гласните и груби критики.