АНАЛИЗА: Победа или не, легитмноста на Ердоган останува спорна

Во недела турските граѓани ќе гласаат на локални избори, кои за турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ќе значи референдум, бидејќи неговата власт е оспорена на улиците и раздрмана од политичко-финансиски скандал без преседан, пишува АФП во пресрет на изборите во Турција.

Десет месец по антивладините протести, кои го „здрмаа“ режимот , Ердоган и неговата Партијата на правдата и развојот (АКП), на власт од 2002 година, се исправени пред изборен тест во тешка ситуација.

Од 17-ти декември лидерот на исламо-конзервативното мнозинство е подложно на сериозни обвинувања за корупција. Од своја страна, премиерот одговори со критики за „заговор“, смислен од поранешните сојузници од братството на муслиманскиот проповедник Фетхулах Гулен и ги повика своите поддржувачи да им дадат „добра лекција“ на 30-ти март.
„Стратегијата му е едноставна – да се ослободи од обвинувањата за корупција преку избирачките места“, вели истражувачот Синан Јолген од центарот „Едам“ во Истанбул.

Но, острите изјави против „терористите“ и „предавниците“, чистките кои ги спроведува полицијата и судскиот систем, „убиствени за слободата“, закони и блокирањето на Твитер и Јутјуб ги направија политички дебати екстремни, како што никогаш не биле.

На 12 март стотици илјади Турци го искористија погребот на тинејџерот кој почина по ранување за време на демонстраиите во јуни 2013 година, за да побараат оставка за премиерот „убиец“.

Решена да ја искористи ситуацијата, опозицијата исто ги „сумираше“ локалните избори и се надева на „изгласување недоверба“ против оние кои ги нарече „крадец“ и „диктатор“.

Сите социолошки институти предвидуваат победа на АКП, која на парламентарните избори во 2011 година освои помалку од 50 отсто од гласовите, отстапувајќи од своите позиции, но не доживеа пораз.

Политичката сила има шанси за 35 до 45 отсто од гласовите на национално ниво. Тоа е така, бидејќи и покрај скандалите и полемиките Ердоган останува најпопуларен политичар во земјата.
Упорност
„Ердоган е многу мудар политичар и продолжува да создава многу силен притисок врз сите турски институции“, истакнува Брент Сасли, политилог во Тексашкиот универзитет.

„Тешко е да се предвидува падот што Ердоган ќе го преживее, но шансите за намалување на популарноста се мали“, додава тој.

Лидерите на владејачката партија веќе изјавија дека секој резултат над 38,8 отсто, каков што партијата имаше за локалните избори во 2009 година, ќе биде сметан за победа.

Ердоган беше толку сигурен во себе, што јавно објави, дека ќе го напушти политичкиот живот, ако АКП не се најде на првото место по изборите.

Во случај на голема победа на партијата на премиерот може да се кандидира на претседателските избори кои на 10-ти августи ќе се спроведат за првпат во форма на народно гласање.

Во спротивно, како самиот тој изјави, Ердоган може да го промени уставот на партијата со што му се забранува да го заземе премиерското место повеќе од три мандат, да распише предвремени парламентарни избори и да побара нов мандат на чело на Владата.

Има и такви аналитичари, кои сметаат, дека сепак актуелната криза предизвика сериозен удар врз имиџот на Ердгоан.
„Тој се претвори во основен извор на нестабилност во земјата“, посочува професор од универзитетот „Галатасарај“ во Истанбул.

„Каков и да биде резултатот по локалните избори, легитимноста на Ердоган ќе остане спорна“.