АНАЛИЗА: Политиките на Обама кон расизмот

Барак Обама е првиот претседател на САД со афро-американско потекло. Но, и покрај тоа тој никогаш не сакаше да биде претседател на афро-американците во земјата. Трагедијата во Фергусон ја повтори таа дилема.

Малолетен афро-американец беше застрелано од бел полицаец летово – тогаш погледите на афро-американското малцинство во земјата беа вперени кон Вашинготн.

Тие сакаа „нивниот“ претседател да преземе некакво дејствие, кое ќе покаже дека тој осудува секаков расизам и насилство од полицијата. Но, Обама продолжи да молчи во однос на тоа прашање и се јави во јавноста само да коментира за оние кои се бунтуваа во Фергусон. Зошто?, пишува германски „Шпигел“, пренесува Нетпрес.

Бабата, која постојано има забелешки за афро-американците

Обама, чиј татко е афро-американец од Кенија, а мајка му е бела жена од Канзас, страдал од расизам во својот живот. Самиот тој раскажува како неговата сопствена баба постојано давала забелешки за афро-американците. Денеска сеуште може да се чујат неговите зборови колку многу тоа го повредувало. Освен това, тој многу добро знае, и тоа од аголот на социјален работник во 80-те години во Чикаго, како САД се мешаат насилството, сиромаштијата, криминалот и расизмот, кои се причина за смрт на многу афро-американци во тој период.

Расизмот не е една од политички интересните теми за Обама. Неговата најсилна тема во ефективното негово појавување на националната политичка сцена во летото во 2004 година, на денот на изборот на претставници на Демократската партија во Бостон, беше поделбата на населението во САД на „сини“ и на „црвени“– на една конзервативна и републиканска Америка и на една либерална  и демократска земја. Тогаш тој не спомена за поделба на една „бела“ и на една „црна“ Америка.

За време на својата предизборна кампања во 2008 година, Обама пред се’ говореше како ќе ја обедини „сината“ и „црвената“ Америка, што најверојатно било само тактика, бидејќи со таквото негово залагање тој ги придоби мнозинството гласачи. Тоа најверојатно е последица од неговата политичка социјализација и поколението на кое припаѓа – за Обама, кој е роден во 1961 година, кога Движењето за граѓански права победи, борбата „бели против црни“ веќе не игра егзистенцијална улога.

Прво Американец, а потоа „обоен“

Досега Обама одржал само еден говор за односот меѓу „црните“ и „белите“. Тоа се случи во март 2008 година, некаде на средината од неговата предизборна кампања, кога требаше да ги оправда односите со радикалниот пастир од афро-американски потекло – Џеремаја Рајт, кој е познат по жестоките расистички забелешки кон белците. Говорот беше добар и полн со објаснувања зошто афро-американците во САД сеуште се чувствуваат потиснати, додека белците веруваат дека лошите времиња на обесправеноста, расната поделба и „Кју Клукс Кланот“ се одамна минато.

Но, исто така, тоа беше говор и на еден маж, кој на прво место се чувствува Американец, а дури потоа „обоен“. Да е афро-американец, тоа би било само еден дел од идентитетот на претседателот; до ист степен тој и припаѓа и на белата раса, на која и’ припаѓа и меговата бела баба, која постојано давала давала расистички коментари. Во говорот тој ја спомена и историјата на неговиот живот, која сепак не е под бремето на експлоатиран афро-американец во едно ѓаволско општество, туку сосем спротивно – на еден млад црномурест маж, кој се школувал на Харвард, кој станал сенатор во Вашингтон, а подоцна беше избран и за претседател на САД.

Подемот на Обама не промени ништо во ситуацијата со расизмот

Дали и други афро-американци имаат слична фантастична историја? Повеќето од нив – не. Од социјалните статистики може да се види дека афро-американците во САД сеуште добиваат добро образвание и добро платена работа, но потешко во споредба со белците. Освен тоа, тие почесто завршуваат во затвор и почесто се жртви на убиства. Тој факт е опишан во илјадници студии и понекогаш расизмот игра многу важна улога во резултатите од истражувањата. Затоа подемот на Обама не е воопшто показател во однос на мнозинството.

Фактот дека тој на два пати ги доби изборите за претседател на САД докажува само дека има доволен број на Американци, кои воопшто не се расисти. Но, тоа и не значи дека расмизмот е искоренет. Ама тоа не е задача на афро-американците, туку на белците.