АНАЛИЗА: Преструктуирање на Европа во седум точки

За неколку декади од своето постоење, Европската унија значително се промени. Тука е вклучена и трансформацијата на нејзината организација и носењето на одлуки.

Освен зачувувањето на мирот во нејзините граници, денешните граѓани на ЕУ имаат две главни очекувања од Унијата:

–       Задржување на нивото на просперитет, нешто што веќе е постигнато;

–       Силно претставување на ЕУ во светот, нешто што се реорганизира

И двете задачи бараат силна Европа. Во сегашната своја состојба, сепак, ЕУ е слаба, особено затоа што и’ недостасува нужната компетентност во надорешната политика и затоа што има обемна бирократија.

Ова е една многу силна причина за реформирање на Европската унија, и тоа што е можно поскоро, делумно преку промени во договорите и спогодбите обврзувачки за европските земји-членки заедно, и делумно преку повоздржано користење на достапната власт на ЕУ.

Потребно е да се акцентираат следните седум точки:

1. Во многу сфери поделбата на одговорностите меѓу ЕУ и земјите членки треба да биде значително појасна.

2. Распределбата на нови одговорности во ЕУ, во сферите како внатрешната и надворешната политикаа, треба да биде ограничена на само неколку точки, наброени во еден краток список.

3. Барањата за прием на нови земји-членки треба да бидат преразгледани. Поголема Европа не е задолжително дека значи и посилна Европа.

4. Во внатрешната политика, ЕУ треба да настојува значително повеќе кон сегашноста, на земјите-членки приоритет да им бидат европските граѓаните и нивните проблеми, пред сопствените интереси.

5. За таа цел законот, ако тоа е можно, треба да се темели повеќе на принципи, отколку на декрети.

6. Вишокот од правни спогодби нема да ја направи ЕУ посилна, туку повеќе ќе ја попречува нејзината способност за дејствување. Бројот на европските регулации, вклучително сега постоечките, треба да биде намален за 40-50 отсто.

7. Реформите во ЕУ, особено одземањето на активности, не е само задача на Унијата, туку и на владите на земјите-членки, поточно на нивните парламенти, кои за таа цел треба да добијат право на вето.

Материјалот е извадок од книгата „Преструктуирање на Европа“, од Роман Херцог, поранешен претседател на Германија и правник по струка.