Нова Демократија управуваше со Грција во периодот од 2004 до 2009 година, но популарноста драматично и’ падна за време на должничката криза.
Партијата изгуби на изборите во јануари во 2015 година, кога СИРИЗА предводена од Ципрас за прв пат дојде на власт. Уште веднаш, тогаш, Мицотакис го нарече Ципрас лажго, но кусо време време потоа омекна во своите ставови, надевајќи се дека може да соработува со него за важни прашања при одредени услови.
Неговиот татко Константин беше премиер на Грција од 1990 до 1993 година, а неговата постара сестра Дора Бакојани беше на функцијата министер за надворешни работи од 2006 до 2009 година, потестува „Ројтерс“.
Во своја анализа, германската новинска агенција ДПА, објавува дека за разлика од Алексис Ципрас, новиот лидер на Нова Демократија изгледа држи во своите раце силни врски со странство, не само зошто одлично зборува англиски, германски и француски јазик, и зошто учел на Харвард и Станфорд, туку зошто и е сметан од кредиторите на Грција за „страшен реформатор“.