АНАЛИЗА: (Сите) Ние сме народот

германија

По повод дваест и шестгодишнината од обединувањето на Германија, кое се одбележува денеска, канцеларот Ангела Меркел предупреди за историската амнезија која се заканува да ја опфати нацијата. Употребата на популарниата парола од 1990 година „ние сме народот“, во денешно време прави силна контраст со првичната идеја, која таа ја налагаше.

И ако пред нешто повеќе од четврт век тоа беше симбол на стремежот за обединување на нацијата, тој денеска се користи за поделби – скандиран е по улиците против бегалците, кои постојано пристигнуваат, а се со цел да им се даде до знаење дека во земјата се само за кратко, пишува германски „Дер Шпигел“, пренесува Нетпрес.

Никаде на друго место во Германија, нема појава на таква ксенофобиска омраза и десничарско насилство, како во федералната покраина Саксонија. Со појавата на движењето ПЕГИДА („Патриоти Европјани против исламизација на Западот“), регионалната престолнина Дрезден се претвора во симбол на популизам и национализам во Германија.

Меркел има пофални зборови за власите во Саксонија, за нивното справување со овие појави.

Тоа е демократија на дело, вели таа.

Пред почетокот на празникот, Меркел потенцира дека на многу полиња оваа покраина е вистинска историја на успехот во обединувањето. Но, додава дека по 26 години е „изминат долг пат, а има сеуште да се помине“. Дел од неа го вклучува признанието, но и ветувањето дека „Сите ние сме народот“. Така германскиот канцелар ја гледа современата интерпретација на полетната фраза, која пред 26 години можеше да се чуе во секое катче на државата.

Свеченостите по повод Денот на германското обединување, во Дрезден, почнаа уште во саботата. Но, не минаа без инциденти, вклучувајќи и опожарувања на полициски возила. Во преден план излегува еден стар сомнеж, кој веќе со децении се прикрадува во мислите на нацијата. Прашањето дали насилството на десничарите и ксенофобијата се источногермански феномен, ги подели не само празнувањата преку викендот, туку донекаде и целото општество.

Министерот за правда, Хајко Маас, ги отфрлува обвинувањата насочени против граѓаните на петте покраини на поранешната Демократска Република Германија.

Не мислам дека Германија е поделена држава. Не треба да генерализираме и да фрламе против источна Германија сомневања и ксенофобија, потенцира социјал-демократот.

Но, Маас сепак признава дека ксенофобијата во некои делови на Германија е навистина присутна во латентна форма.

Едно е јасно: Омразата сега е многу посилно изразена, вели германскиот министер.

Бившиот претседател на Бундестагот, Волфганг Тиерзе, го отфрлува оправдувањето за десничарскиот екстремизам во источна Германија, оправдувано честопати со економски или социјални тешкотии.

Тоа не е аргумент за да се оправдува насилството, категоричен е и овој социјал-демократ.

Појавата на десничарскиот екстремизам во петте „нови“ покраиниа, кои влегуваат во составот на некогашната Источна Германија, е околу четири до пет пати поголем отколку во „старите“ покраините од поранешната Западна Германија.

Првичниот извод од статистиката е дека „треба да се направи самостоен поглед кон сопствениот развој“, убеден е Тиерзе.

Различностите меѓу истокот и западот во земјата, неможе да бидат објаснети со друго, освен со тоа дека „новите покраини“ се чувствуваат како странци пред своите сонародници од западниот дел.

Тоа се гледа и од идеологијата на новопојавените десничарски партии, кои одвојуваат специјално внимание на проблемот.