Анализа: Железната купола на Израел против новите ракети на Хамас

За момент непријателството меѓу Израел и Газа се тепачка помеѓу ракети и пресретнувачи, помеѓу вариететен и подобрен ракетен арсенал во посед на Хамас и неговите сојузници, како исламските џихадисти и антиракетните системи на Израел, пишува „ЊуЈорк Тајмс“.

Доколку Хамас и исламскиот џихад се горди на своите стабилни технички достигнувања во изградбата на самоизградени верзии на ракети со домет до Тел Авив и периферијата на Ерусалим, Израелците сметаат дека нивните антиракетни ситеми Железна Купола се вистински успех кој помага во заштитувањето на домашниот фронт и купува време за преговори за копнена операција.

Голем дел од израелската воена стратегија е воздушната моќ на одбрана, тоа е сигурно, имајќи ги предвид честите напади врз Газа со дронови и борбени авиони насочени кон властите на Хамас, нивните седишта, ракетните фабрики, магацините за оружје, велат од Израелската армија. Според Палестинското Министерство за здравство, најмалку 40 Палестинци во преполната Газа загинале во нападите во понеделникот ноќта, некои од нив деца и ниеден од нив борец. Немало жртви на израелската страна.

Намерата на Израел, како што е опишана од воените власти, е да се деградира капацитетот и волјата на Хамас и нивните сојузници да продолжат со ракетните борби и да се намали бројот на ракети кои жителите на Газа во моментов ги поседуваат.

Израелските воени власти рекле дека вчера повеќе од 200 ракети биле испалени од Газа кон Израел, додека 53 биле пресретнати од системот Железна Купола. Некои од ракетите удриле блиску до Тел Авив и Ерусалим, дури и во Хадера на 70 милји од појасот Газа.

MISSILES1-master675

Дострел на ракетите покажува ново ниво на непријателство во оваа рунда споредено со она во 2012 година. Но, поважно според Израелците е количината на ракети кои Палестинците успеале да ја произведат или прошверцуваат кои се софистицирани, особено пред воениот преврат во Египет пред една година со кој беше соборен претседателот Мохамед Морси, кој се сметаше за сојузник на Хамас.

Хамас и помалите исламски групи сега имаат широк спектар на ракетен арсенал  и релативно непрецизни 122 милиметарски ракети со мал дострел од околу 12 до 15 милји, но и ракети произведени во Сирија кои имаат дострел од околу 100 милји, како онаа која ја погоди Хадера. Но Хамас има и големи залихи на ирански ракети, како и локално произведена верзија која ја нарекуваат М-75 со домет од 75 километри што достигнува до централен Израел.

Само во текот на март, Израелските сили пресретнаа брод во јужното Црвено Море, околу 1000 милји од Израел, кој пренесувал ракети за кои Израелците тврдат дека биле наменети за воени противници во Газа. Израел го обвини Иран, кој го поддржува Хамас и исламските џихадисти, за оваа пратка. Тие го негираа обвинувањето.

САД ја помогнаа изградбата на антиракетниот систем Железна Купола на Израел.

Појасот Газа  

Појасот Газа или едноставно Газа е регион на источниот бред на Средоземното Море . Овој регион граничи со Египет и Израел. Од 2007 година, Појасот Газа де-факто е под в ладение на Хмас, Палестинска фракција која тврди дека се легитимни претставници на Палестинскиот народ. Во 2012 година Обединетите нации го признаа појасот Газа како дел од Државата Палестина, со територија управувана од страна на Палестинската влада во Рамалах. Владата на национално единство положи свечена заклетва на 2 јуни 2014 година.

middleeast_gaza_map200-4cc6f47550bd5f78439a1c1b3ad6092d0f023921-s6-c30

Доминантно население во Газа се сунитските муслимани. Територијата на овој појас е 41 километри долго и 6 до 12 километри широко.  Ова е еден од најгусто населените простори во светот, со околу 1.820.000 жители.

Актуелните граници на Газа се формирани по престанокот на борбите во 1948 година. Најпрво овој регион бил управуван од Палестинска влада, етаблирана од страна на Арапската лига во 1948 година. Ова управување суштински било под капата на Египет а во 1959 година и официјално се припоиле кон Обединетите Арапски држави. Израел го заземал појасот Газа во 1969 година после шестдневна војна. Од 1993 година палестинските населени места во Газа се под палестинска административна управа Во 2005 година, Изреал се повлекол од Газа. После одржувањето на палестинките избори во 2006 година и власта во Газа ја презема Хамас во 2007 година. Во 2014 година е формирана Влада на национално единство, откако се помирија Хамас и Фатах во рамките на државата Палестина.