Анализите завршени, Бектеши објави за кои овошја и зеленчуци ќе биде замрзната цената

Министерството за економија соопшти дека во понеделник ќе биде донесена одлука за замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот, при тоа откривајќи дека се работи за домати, крастивици, кромид, карфиол, пипер, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимон.

Анализите на податоците за овие производи се завршени, а министерот за економија Крешник Бектеши најави дека листата може да биде проширена.

Ги повикувам граѓаните да дадат исто така придонес во делот на дополнување на листата на производи како и на цените на кои тие сметаат дека треба да се замрзнат во делот на овошје и зеленчук или други производи! Се грижиме ЗАЕДНО!“, објави министерот за економија Крешник Бектеши.

Во понеделник официјално треба да биде соопштено кои ќе бидат максималните цени за споменатите земјоделски прехранбени производи и од кога ќе започне да важи одлуката.

>Претходно беше донесена одлуката за замрзнување на цените на дел од хигиенските производи кои воедно и поевтинуваат за 13 проценти, а кон средината на март беа замрзнати и цените на тестенините и млечните производи кои се намалени за 15 односно за 10 проценти, како и цените на јајцата и оризот кои останаа на нивото од 15-ти мартц, додека цената на белиот и на полубелиот леб од 450 грама е замрзната на 33 денари.