Изборот на најуспешни жени во спортот во 2018 година и додели оскар на Анамарија Георгиевска за најнадежна млада спортистка во Македонија.
Анамарија Георгиевска доаѓа од таеквондо клубот Бутел и оваа 2018 година оствари врвен спортски резултат освојувајќи бронзен медал на официјално светско јуниорско првенство во Хаммамет, Тунис нанижувајќи три победи.
Ова е еден од најголемите младински спортски резултати во последниот период во македонскиот спорт.
Анамарија оваа година е суверена во женскиот младински спорт и се очекува на сите избори да биде прогласена за млада спортистка на годината.