Џанан Муса останува во Мадрид најмалку уште две сезони

Босанскиот кошаркарски репрезентативец, Џанан Муса ќе добие нов договор од Реал Мадрид и ќе се задржи во „кралскиот клуб“ уште најмалку две сезони, објавија шпанските медиуми.

За Муса имаше голем интерес од неколку НБА екипи, но кошаркарот реши да остане во Европа и да продолжи во најтрофејниот клуб на стариот континент.

„Имав важечки договор со Реал, но управата сакаше да влеземе во нови преговори. Клубот ја искористи опцијата да ја продолжи соработката, а јас сум задоволен од понудата. Многумина мислеа дека сакам да заминам, но јас сум среќен во Мадрид. Продолжуваме понатаму“, изјави Муса.