Предводникот на шпанскиот гигант Реал (М), Карло Анчелоти потврди дека е точна информацијата која е пласирана од шпанските медиуми дека летната аквизиција од редовите на Малага, Иско, е незадоволен од минутажата која ја добива на “Сантијаго Бернабеу”.
“Иско не е среќен, но јас не сакам фудбалери кои се среќни иако имаат мала минутажа. Иско не игра затоа што има поромена во формацијата, во тактиката. Оваа формација не му одговара, но се надевам дека на крајот на актуелната сезона ќе можам да изјавам дека Иско е составен дел од Реал (М) и дека е од голема важност за овој клуб. Јас немам никаква дилема кога е во прашање неговиот талент, неговата иднина, но норамлно е да биде несреќен. Јас не сум тука за да работам со еден фудбалер, јас сум тука за да работам за доброто на Реал (М)”, изјави трофејниот италијански стручњак.
Само за потцетување, Реал (М) потроши 30 мил. евра за обештетувањето на Иско кој има постигнато шест погодоци на 17 натпревари кои ги одигра во дресот на Реал (М).