Иако дојде како најскапо засилување во Мадрид, белгиската ѕвезда Еден Азар не ги исполни очекувањата и не ја достигна формата со која блескаше на терените додека беше во Челси, па кај Карло Анчелоти не е првотимец и веќе се најавува можно заминување на офанзивниот фудбалер.
Низата повреди во изминатиов период го спречија Азар да биде на ниво, а враќањето кон старата препознатлива форма оди бавно и во моментов е во сенка на бразилската ѕвезда Винисиус Жуниор, па сето тоа на белгиецот му создава нервоза и поради тоа уште во јануари размислувада си оди.
Анчелоти, пак, најавува дека нема да му прави проблем ако посака Белгиецот заминување.
„Јас на ниту еден фудбалер во кариерата не сум му правел проблем за засминување ако сакал да си оди. Никого со сила не сум го држел ако сака да замине. И јас немам сомнение во тоа, ако Азар сака да си оди – слободно!“, вели Анчелоти.
Азар дојде за над 100 милиони евра од Челси надминувајќи ги трансферите на Кристијано Роналдо и Герет Бејл, кои претходно беа најскапи засилувања на најтрофејниот шпански клуб.