Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, смета дека српскиот фудбалер Лука Јовиќ е мрзелив играч и дека добро е за него што се преселил во Фиорентина.
Пред само неколку дена, Јовиќ беше претставен како ново засилување, во бесплатен трансфер кој го обезбедија во договор со Реал Мадрид.
Никој не ја знаеше вистинската причина зошто Јовиќ не добива вистинска шанса во Реал, а Анчелоти се обиде да долови дел од причината кон јавноста.
„Јовиќ е одличен играч, не е многу подвижен, силен е во 16-те метри на противникот и игра добро со глава, но има еден проблем, тој е многу мрзелив. За него е добро што потпиша со Фиорентина, ќе биде добар таму, сигурен сум“, порача Анчелоти.