Анчелоти се надева на брзо закрепнување на Бензема

Еден од најдобриот стрелец во историјата на Реал Мадрид, Карим Бензема, на вечаршниот дуел од Лигата на шампионите се пожали на болки во коленото и мораше да излезе по само 30 минути игра.

Тренерот на „краловите“ Карло Анчелоти вели дека на прв поглед не станува збор за сериозна повреда, но ќе мора да се почекаат деталните тестови по кои точно ќе се знае.

„Изгледа дека не е ништо загрижувачки, но треба да почекаме. На прва не изгледа ништо сериозно. Не знаеме дали е проблем со коленото или е мускулна повреда“, вели Анчелоти.