Анчелоти сепак ќе седи на клупата против Челси, доби дозвола во последен момент

Карло Анчелоти доби позитивен тест на Ковид 19 минатата седмица и поради тоа го пропушти мечот со Селта Виго, но за негова среќа, во последен час доби негативен тест на коронавирус и експресно ќе му се приклучи на тимот во Лондон.

Во отсуство на искусниот стручњак, неговиот тим беше најавен како човек кој ќе го води тимот против Челси во четвртфиналето во Лигата на шампиони, но сепак последната вест ни вели дека Италијанецот ќе има лет за Англија и ќе биде дел од протоколот на „Стемфорд Бриџ“.

– Реал Мадрид соопштува дека тренерот Карло Анчелоти доби негативен тест на Ковид 19 и ќе патува за Лондон ова попладне и ќе му се приклучи на тимот, – гласи објавата на „кралевите“.

Ова значи дека Карло се враќа на клупата за четвртфиналето против Челси во Лигата на шампиони, што всушност е реприза на полуфиналето кое го гледавме пред една година.

Лани тренер беше Зинедин Зидан, а кај Анчелоти ќе се разбудат и некои стари спомени бидејќи во минатото работеше во Англија како менаџер на Челси.