Јанчев: Да не се заборави! Заедно да им оддадеме почит на 12 -те ваташки младинци!

Да не се заборави!, објави на својот Фејсбук профил, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој сподели објава на актерот Игор Џамбазов со неговата порака.

По повод 80 години од стрелањето на 12-те ваташки младинци, денеска ќе се одржи Свечена академија во Дом на култура „Иван Мазов Климе“, со почеток од 19 часот.

Утре пак, градоначалникот Митко Јанчев и Совет на Општина Кавадарци во Моклиште, на споменикот на 12-те ваташки младинци со почеток од 10 часот ќе се одржи чествување по повод 80 години од нивното стрелање.