Независниот кандидат за градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев денеска на прес конференција најави изградбса на Центар за лица со посебни потреби и игралиште за лица со Даунов синдром.
Како што рече Јанчев во Дневниот центар на лица со попреченост ќе се згрижат лица од регионот, при што ќе се подобрат условите за живот на 40 фамилии од регионот чии деца ќе бидат згрижени во Центарот.
Центарот ќе претставува регионален Дневен центар за лица со попреченост.
Проектот за лицата со Даунов синдром, лесен аутизам и попреченост ќе се реализра заедно со Министерството за труд и социјална политика, а ќе опфаќа изградба на игралиште, опремување и ангажман на лице кое ќе работи со овие лица.
Јанчев денеска имаше средба и со музичките уметници од Кавадарци.