Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, кој во саботата беше со лозарите кои протестираа незадоволни од односот и цените при откупот на нивниот род, ги покани сите советници од регионот како и градоначалници, пратеници и министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа или ако тој е недостапен, претставник од министерството, да дојдат денес во неговиот кабинет на средба во 11 часот.
„Жални се сликите кои ги гледам, урнатата ограда, и полицијата којашто стои пред лозарите. Апелирам сите надлежни да се појават на средбата бидејќи бербата е во тек и да не им се прави штета на земјоделците кои чесно си го заработуваат своето парче леб“, порача Јанчев.
Лозарите вчера го истурија непродаденото грозје очигледно незадоволни од сите лажни ветувања дека родот ќе им биде откупуван по добра цена.
Незадоволни од цената на грозјето, лозарите од Кавадарци и околината, по неуспешнте преговори со компанијата, вчера го истураа родот пред капијата на Тиквеш.
На 19-ти август Здружението „Напредни лозари” соопшти дека ги замрзнува своите активности. Неговата последна препорака, упатена до производителите, е дека годинава, посебно поради сушата, ниту еден грозд смедеревка не смее да биде откупен под 20 денари, вранец под 25 денари, а асталско и високосортно грозје под 30 денари.