Финализираат активностите околу изградбата на минор коритото, ќе се постави ново улично осветлување и урбана опрема, ќе се продолжи кеј-шеталиштето што претходно беше најзапуштениот дел во нашиот град. Проект од особено значење за овој дел на градот, напиша градоначалникот Митко Јанчев, на Фејсбук.
Продолжување на локален пат во село Бохула, тампонирање и асфалтирање во должина од 600 метри.
Финансиската конструкција изнесува 6 000 000 денари, од кои 2 000 000 денари се од Биро за регионален развој, а останатиот износ е од општина Кавадарци.
Изведувач на работите е фирмата Градба промет, соопшти градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.