Кевин Андерсон од Јужна Африка по неверојатен меч долг 6,5 часа го победи Америкнецот Џон Иснер за второто фонале на еден Грен слем турнир во сввојата кариера. Андерсон(32) осмопласиран на АТП листата славеше со 7:6(6),6:7(5), 6:7(9),6:4 и 26:24. Африканецот режираше уште еден „маратон“ по пресвртот и големата победа против Роже Федерер во претходниот меч, во кој се врати по 2:0 во сетови. Попладнево Андерсон губеше 2:1, но пак се врати од минусот и покажа дека е подготвен за големи дела.
Јужноафриканецот имаше предност од 1:0, па губеше со 1:2, но израмни на 2:2, а во петтиот сет одлучувачки беше 48. гем, кога Иснер остана без концентрација на свој сервис и дозволи брејк, кој потоа Андерсон со сигурен гем го потврди и стигна до историска победа.
Мечот започна со сигурен сервис на двата тенисери, па во двата сета никој не освои сервис на противникот.
Во третиот сет, Американецот за првпат на овогодинешниот Вимблдон загуби свој сервис, но веднаш во наредниот, деветти гем направи ри-брејк, ја искористи писхолошката предност и повторно во тај-брејк беше поуспешен за водство од 2:1 во сетови. Андерсон во четвртиот сет направи брејк во петтиот гем, но повторно во наредниот го загуби својот сервис, но во деветтиот гем оствари брејк по четвртата сет топка и израмни на 2:2.
Петтиот гем започна според очекувањата, двата тенисери не го даваа својот сервис, но до 48. гем, кога Андерсон направи брејк и со мирен сервис го сведе овој меч во своја полза. За Јужноафирканецот пласманот во финалето на Вимблдон е негов втор на еден Грен слем, откако минатата година беше финалист и на УС Опен, но загуби од Рафаел Надал.
Во неделното финале за противник Андерсон ќе го има подобриот од дуелот меѓу Ѓоковиќ и Надал.