Андонов: Одговорно тврдам дека немам удел случувањата на МИТ Универзитетот

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Оливер Андонов денеска ги отфрли сите обвинувања за негова каква било вмешаност во актуелните случувања на Универзитетот МИТ.

Одговарајќи на новинарско прашање денеска Андонов информираше дека во март оваа година има поднесено тужба против Билјана Апостолова, генерален директор на МИТ Универзитетот,  поврзано со постапка од работните односи поради мобинг и неправедно казнување додека бил вработен на тој Универзитет.

„Одговорно тврдам дека на никого не сум се заканувал и најмалку имам личен удел во актуелните случувања на МИТ Универзитетот“, изјави дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Оливер Андонов по денешната промиција на новите полициски службеници во Центарот за обука во Идризово.

Тој појасни дека целиот случај со МИТ Универзитетот го води Јавното обвинителство, а полицијата, истакна, нема врска со тоа, освен што постапува по налог на Јавното обвинителство.