Андонов: Политичката монтажа на Заев не може да помине

Зоран со средно име аболициран Заев, му премина во навика да прави глупости на сметка на Македонија и постојано да биде аболициран. Зарем мисли дека секогаш кога ќе направи нешто против татковината ќе се најде некој кој ќе го аболицира, праша Оливер Андонов, на денешниот протест пред СДСМ.

Сега тој зборува дека не ми треба мене аболиција, смили дека СЈО ќе застане зад него. Тоа што Катица не сакаше да го процесира Пуч до крај и поради личните т.н. интереси не сакаше да го изведе Заев пред суд туку го одложува рочиштето, не е исто со тоа што се обиде политички да монтира против раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Политичката монтажа не може да помине, порача Андонов, пред присутните на протестот што беше организиран од страна на Граѓанското движење за одбрана на Македонија.