Во синоќешното издание на дебатната емисија „Само Вистина“ на телевизјата Канал 5, професорот Оливер Андонов истакна дека обидот за атентат врз поранешниот министер за здравство и висок ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, има политичка мотивација и тоа се должи на тоа што сегашната власт, во времето додека беше опозиција долго време си поигруваше со чувствата и го злоупотребуваше семејството на починатото девојче од Велес.
„Не би сакал никому да му се случи вакво нешто. Не може да се оправда овој чин дури и ако се потврди дека се работи за дедото на Тамара. Атентат врз лице кое извршува или извршувало политичка функција има политичка заднина. Доколку се потврди дека има врска со починатото девојче тоа оди на душа на СДС, кој во борбата за власт долго време го злоупотребуваше овој случај“, нагласи Андонов.
Сарачини постави провокативно прашање пресекувајќи го говорникот: „На чија душа оди животот на Тамара?“ на што Андонов одговори:
„Понекогаш се случуваат работи кои ние не сакаме да се случат. Не треба да се преслика дека нешто не чини само преку еден случај – иако и еден човечки живот е ненадоместлив. Андонов го објасни апсурдот кој упорно се турка од страна на невладините и запраша на чија душа одат 150 загинати во сообраќајни несреќи во една година и за тоа ли е виновна владата и треба да се изврши атентат врз некој од владата“, рече Андонов.
Според Андонов, злоупотребата на случајот од страна на СДСМ и невладините активисти преку малтретирање на семејството и поттикнување нетрпеливост кон извршители на политички функции од кои не зависат поедини одлуки во целост, односно злоупотребвање на луѓето и нивната мака, се директни предизвикувачи на вакви страшни настани како вчерашниот обид за убиство на Никола Тодоров.