Андонов: Странците ќе се обидат кадровски да го освежат СДСМ со лица од невладините на СОРОС

Универзитетскиот професор Оливер Андонов во интервју за Сител вели дека Левицата на странските амбасади им служи како обид за обновување на СДСМ.

Според него, Левицата има добиено за задача да биде поддршка на СДСМ  во организирање токму на анархистичките случувања.

Една од клучните улоги на странските амбасади ќе биде обидот тие да го преструктуираат СДСМ и да им внесат нова крв односно капацитетни луѓе. Тоа ќе го поврзам со невладините, а потоа и со Левицата. Мислам дека токму затоа сите оние “гарбиџ“ дипломати кои се во Македонија се обидуваат во тие 70-тина соросови невладини да пронајдат кадар кој може да послужи за обновување на СДСМ.  Левицата во истиот тој контекст им е алтернатива, генерално и по вокабуларот кој го употребуваат и по политичките идеи кои ги имаат како вредности кои сакаат да ги спроведат во Македонија, не можат да поминат во македонското општество. Ова е едно доста конзервативно општество за такви идеи и немаме таква традиција. Мислам дека самата Левица како улога има добиено за задача да биде поддршка на СДСМ  во организирање токму на анархистичките случувања кои ги имаме на терен бидејќи СДСМ не е способен ни тоа да си го организира сам, па мора влезот да биде на тој начин. Немам некоја позитивна перцепција дека ќе успеат луѓето да се етаблираат на политичката сцена, ете избори дај Боже во најбрзо време да има па да видиме како конкретно ќе се позиционираат и со кој мандат. Не очекувам дека дури и пратеник ќе можат да имаат ако одат сами, ако одат во коалиција со СДСМ може и ќе имаат, зависи на кое место ќе бидат, рече Андонов во интервју за Сител.

Целото интервју погледнете го во продолжение: