Андонова: Со откажувањето од договорениот проект за клинички центар, СДСМ ќе , предизвика голема финансиска загуба за државата и граѓаните

На повидок е огромен скандал, откако миснитерот за здравство Арбен Таравари со манипулации ѝ најави на јавноста, а владата на СДСМ ќе спроведе прекин на проектот за изградба на нов клинички центар, со што ќе се предизвика огромна финансиска штета на проект за кој веќе се обезбедени парите, и за кој е потпишан договор за градба, предупреди во саботата Марија Андонова од ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај тоа што во неповрат ќе отидат 72 милиони евра, како што посочи Андонова, Република Македонија и граѓаните ќе плаќаат и финансиски пенали поради непочитување на договорот за градба.

Но најголемата загуба е по здравјето, односно граѓаните коишто најмалку уште десетина години доколку сега се прекине градбата нема да добијат нов клинички центар, посочи Андонова.

„Таравари ја манипулира целокупната јавност дека проектот предвидува изградба на објект само за интерни клиники и со тоа го минимизира неговото значење. Целокупниот проект чини околу 72 милиони евра и предвидува интегриран објект на клиничкиот комплекс со кој се предвидува изградба на нов Клнинички блок, нова зграда на лаборатории и адаптација и реконструкција на зградата на Хируршките клиники која ќе биде интегрирана со новиот објект, а постоечките објекти на останатите клиники како Онкологија или клиника за гинекологија и акушерство ќе бидат поврзани со топли ходници и на тој начин ќе се обезбеди интегриран објект“, појасни претставничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Прецизираше дека тоа би значело дека ќе може пациентите од клиника во клиника да одат без да излезат надвор, а не како изложени на секакви временски услови да излегуваат надвор. Притоа Андонова ги спомена и предвидениот нов современ ургентен центар и зградата за лаборатории поврзани со пневматски транспортен систем за биоматеријали.

„Исто така, целокупниот проект е правен и воден во координација со Банката на Советот на Европа и оттука се поставува прашањето дали во наводната ревизија која минситерот ја направил за неколку дена увидел грешки во постапките на оваа реномирана европска финансиска институција. Ова само говори каков непрофесионален и неодговорен пристап во работата има актуелната власт и актуелниот министер Таравари“, заклучи Андонова.

Посочи, исто така, дека проектот веќе е готов и оти за него се обезбедени средства, со што на министерот Таравари му останува само да го изгради, а не да наоѓа изговори за својата неспособност и да реализира нарачки од Зоран Заев за опструкции.

„За неговите манипулации со јавноста дека ќе градат нов клинички центар надвор од Скопје го упатуваме кај неговиот колега министер Бујар Османи, кој е поранешен министер за здравство и кој многу добро е упатен во трошоците за изградба на нов клинички центар надвор од Скопје. Таков објект ќе чини најмалку 450 милиони евра. Тоа значи дека ако Таравари го стопира проектот кој само треба да почне да го гради, тогаш тоа ќе значи 6 ипол пати повеќе пари и најмалку уште 10 години во кои пациентите нема да имаат современи услови за лекување“, предочи Андонова.

Поради тоа, таа ги постави прашањето дали зад ваквите најави за опструкција на градењето на новиот клинички центар, всушност не се кријат бизнис интереси, кои за актуеланата власт се поголеми отколку што е интересот на граѓаните и на пациентите.

„Го повикуваме Таравари и владата на СДСМ да се вразуми. Од нив граѓаните очекуваат да работат, а не да бараат изговори. Еве реализацијата на веќе готов и финансиски покриен проект да отпочне да го реализира. Граѓаните заслужуваат да имаат современи медицински услуги кои ќе им ги овозможи токму овој интегриран објект на клиничкиот комплекс Мајка Тереза“, рече Андонова.