Андоновска: Арсовска не дојде на советнички прашања, поважно и е да шета низ светот за некои лични интереси, но и за тоа ќе треба да даде одговор

Сакам да ја известам пошироката јавност, граѓаните на Скопје дека досега за секое нивно прашање кое е поставено до градоначалничката од било кој советник од одговор нема, рече советничката во Советот на Град Скопје, Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, на денешната седница за советнички прашања на која не се појави градоначалничката Данела Арсовска.

„Данела Арсовска не чувствува одговорност пред скопјани да одговори на она што тие ја прашуваат. На Данела Арсовска и е поважно да шета некаде низ светот за некои лични интереси, а за тоа ќе треба да даде одговор, ќе треба да даде одговор за секое патување што имаат скопјани од тоа за што се трошат парите за патувањата нејзини и екипата околу неа, што бенефит имаат скопјани од тие патувања. Зошто тие патувања и се многу поважни од одговорите на прашањата на скопјани и работата на градот“, рече Андоновска.

Во Скопје, додаде Андоновска, ништо не се случува се уште, полошо никогаш не било. Андоновска посочи „Арсовска мисли дека ќе успее до крајот на мандатот да не одговори на ниту едно прашање“.

“Ние како советничка група бараме одложување на седницата и обезбедување на присуство на градоначалникот и обезбедување на одговори на сите прашања кои ги засегаат граѓаните. Данела Арсовска скопјани те прашуваат каде си во моментов и што е поважно од градот Скопје“, праша Андоновска.